Повторно нагоре!
Трендот на пораст на цените на нафтата и нафтените деривати продолжува…
објавено на 31. мај 2021
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС–95и ЕУРОСУПЕР БС–98,како ималопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемуваат за половина денар за литар. Тоа го одлучи Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница. Така, првиот ден на јуни ќе започне со цена на ЕУРОСУПЕР БС–95 од 67,50 ден/лит додека на ЕУРОСУПЕР БС–98 69,50 ден/лит. ,додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ изнесува 60,00ден/лит.


