Само за Европа
Со својата Shooting Brake верзија Genesis им парира на германските премиум марки
објавено 17. мај 2021
Првите возила сè уште ги нема на пазарот во Европа, а Genesis веќе го претстави својот петти модел, специјално за купувачите на Стариот континент.

Тoj има иста големина како седанот долг 4,69 метри, но нуди 40 проценти повеќе простор за багаж и индивидуални седишта позади. Предниот дел е малку поразличен од каросеријата со четири врати за да се потенцира динамиката на спортскиот караван.

Genesis е бренд осамостален пред пет години како луксузна гранка на Hyundai и во Европа ќе стартува од Германија, Швајцарија и Велика Британија оваа година. Седанот G80 и теренецот GV80 може да се нарачаат од летово, а моделите G70 и GV70 ќе се придружат малку подоцна. Тие ќе бидат достапни со четири и шест цилиндрични бензински и дизел мотори. Компанијата сепак го остави отворен датумот кога може да се очекува дебито на G70 Shooting Brake.



