Доаѓа електричен седан
Името укажува дека новиот компактен седан ќе се базира на нови вредности
објавено 08. март 2021
Првата скица со која Volkswagen го најавува новиот потполно електричен модел за следната година не кажува многу. Елегантно извлечената скица открива дека се работи за седан каросерија чие производство ќе се одвива во Волфсбург од 2026 година. Според аналитичарите, се очекува да чини околу 35.000 евра и да ги постави стандардите во однос на опсегот на движење, брзината на полнење и дигитализацијата. Токму затоа му е доделено името Trinity (Тројство). Покрај тоа, новиот модел во иднина ќе ја понесе технологијата за автономно возење до ниво 4 на многу автоматизиран начин, но првично ќе биде опремен со нивото 2+ кога ќе биде лансиран.


