Citroen – e-Berlingo

По стапките на братот…

Делењето технологија овозможува раст на понудата

објавено 24. февруари 2021

Само една седмица по претставувањето на Peugeot e-Rifter и сестринскиот Citroen најави електрична верзија на популарниот Berlingo. Многу наменска функција и прилагодливост се второто име на ова микро комбе кое ќе се нуди во две должини и до седум седишта. Основата е на групата РЅА со препознатливата погонска комбинација од 100 kW силен електричен мотор и 50 kWh батерија. Радиусот на автономија  за двете верзии е до 280 километри според нормата WLTP. Внатрешен полнач од 11 kW е стандарден, со кој батеријата треба да се полни за 4 часа и 40 минути на соодветна ѕидна кутија за полнење. На јавна станица за брзо полнење од 100 kW, на батеријата и треба половина час да се наполни 80 проценти. Комерцијализацијата е најавена за третиот квартал на годинава кога ќе бидат познати цените.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER