Mitsubishi Eclipse Cross – Plug-in Hybrid

Во чекор со времето

Единствен новитет за 2021

објавено 28. декември 2020

Иако најави ретерирање со нови модели за стариот континент, Mitsubishi пред крајот на годинава ги објави цените за Eclipse Cross Plug-in Hybrid. Ова е пробен балон за да се испита пазарот до пролет кога е најавена премиерата на клучните европски пазари. Електрифицираниот Eclipse Cross има различен преден дел и, пред сè, редизајниран заден дел во споредба со сегашната серија. Основната верзија започнува од 39.890 евра. По одземањето на државната субвенција во Германија и еколошкиот бонус на производителот, сумата се намалува за 9000 евра! Eclipse Cross Plug-in Hybrid доаѓа стандардно со 18-инчни алуминиумски тркала, затемнети задни стакла, загревани предни седишта и двозонска автоматска клима, како и осум-инчен инфо-забавен систем. Во нивото на опрема Плус поскап е за 3.500 евра поради LED светлата, седишта од микрофибер синтетичка кожа, рефлектирачки дисплеј на шофершабна и помошно греење, додека Eclipse Cross Plug-in Hybrid Top има панорамски покрив, црни кожни седишта, 360 степени покиеност со камера и врвен аудио систем. Тоа ја здебелува фактурата за дополнителни 4.000 евра. Немаме информација дали, кога и по која цена Eclipse Cross Plug-in Hybrid би бил достапен на нашиот пазар.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER