e-Golf заминува – ID.3 доаѓа

”Стаклените” со нов репертоар

Смена во производствениот опус

објавено 23. декември 2020

Денес последниот е-Golf излезе од монтажната линија во Стаклената фабрика на Volkswagen во Дрезден. Од отворањето во март 2017 година таму се произведени 50.401 возила од овој тип. На почетокот на 2021 година започнува производството  на ID.3, електрично возило поставено на модуларната платформа за електричен погон (MEB). Оваа платформа е наменски развиена за е-возила и можностите на електричната мобилност која овозможува примена на разни типови каросерии со просторна внатрешност и добри динамички својства. ID.3 покажува одличен пазарен учинок. Од почетокот на продажбата во септември до сега продадени се 28.000 примероци во ЕУ! Основната верзија на ID.3 ќе почне да се испорачува од февруари 2021 по цена пониска од 30.000 евра. VW e-Golf излезе на пазарот во 2013 година и исто така се произведуваше во Волфсбург до летото 2020 година. Поради зголемената побарувачка, пред три години на помош беа повикани дрезденските капацитети кои се ослободија по пензионирањето на VW Phaeton. За три години производството достигна 50.401 примероци, додека вкупно излегоа 145.561 единици на e-Golf од двете производствени локации. Што се однесува до продажбата, e-Golf е сè уште еден од најпопуларните електрични автомобили во Европа, особено меѓу клиентите во Норвешка и на германскиот пазар.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER