Паметно решение за полесен живот
Kia Charge воведува ред во напонот
објавено 21 декември 2020
Kia го отстранува нередот за пристапот и наплатата на станиците за полнење електрични автомобили и плаг-ин хибриди преку апликација. Честа да ја донесе во Европа му припадна на новиот Sorento плаг-ин хибрид. Марката сега ја нуди услугата за полнење Kia Charge, која клиентите можат да ја користат за конфорно и сигурно полнење гориво. Дури 98% од сите јавни станици за полнење во Германија може да се користат преку единствена сметка, по национални фиксни цени и месечна наплата со список на сите процеси на полнење. Kia работи на решенија на услугата за дигитално полнење (DCS). Ова значи дека над 148.000 јавни точки за полнење низ цела Европа може да се користат со апликацијата Kia Charge или со придружната картичка со чип RFID. Цената што корисниците ја плаќаат во Германија е 28 центи по киловат час на стандардни и 46 центи на брзи станици за полнење, плус основна такса од 4,99 евра месечно. Регистрацијата се одвива на веб-страницата www.kiacharge.com со наведување на идентификациониот број на возилото (VIN). Ако купите нова Kia со електричен или плаг-ин хибриден погон, ја добивате основната такса за првата година бесплатно. Клиентите на Kia Charge исто така можат да заштедат на надоместоци за паркирање. Тие можат да паркираат бесплатно на секоја јавна станица за полнење до два часа за време на процесот на полнење (до 90 минути за места за полнење со еднонасочна струја). Апликацијата помага и да се најдат станици за полнење. За полнење дома Kia во соработка со New Motion нуди ѕиден приклучок Wallbox Home Advanced 2.1, за кој има владино финансирање до 900 евра. Инсталирањето на приватниот приклучок за полнење со излез до 22 kW може да се нарача и преку New Motion.



