Aznom – Palladium

Хипер лимузина

Подготвена за сите подлоги

објавено 9. ноември 2020

За оние кои сакаат да поседуваат луксузно возило подготвено да одговори на сите предизвици својствени за возила кои се движат на тркала е наменет Palladium. Уникатниот и изненадувачки луксуз ја класифицираа оваа италијанска баронеса во категоријата на хипер лимузини која ги обединува карактеристиките на луксузен седан како што се комфорот, квалитетот на материјалите, нивото на изработка и останатите атрибути на раскошните каросерии и возните својства типични за поинакви возила. Од Aznom одбиваат да се изјаснат дали е ова директен напад на Bentley Bentajga и Rolls Royce Cullinan но нагласуваат дека не случајно е дадено името Palladium кое е превземено од скапоцениот природен елемент.

Според планот на производство кое трба да започне наскоро, сите десет примероци што ќе се изработат ќе бидат посебно произведени според желбите и темелното утврдување на секој детаљ од страна на нарачателите.  Aznom Palladium е несекојдневен во секој поглед. Тој е висок два метри, долг скоро шест метри делува како лимузина и може да помине секаков терен. Го задвижува 5,7 литрен V8 чии 700 коњи и 950 Nm се дистрибуираат преку осум степен автоматски менувач на задните или сите тркала. Доколку тоа го бараат клиентите, производителот е подготвен да испорача изведба со умерен хибрид.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER