Нови цени на горивата
Објавено на 8 јуни 2020 година
Цената на нафтата се искачи на 40 долари – на колку ќе се искачат цените на горивата кај нас? Одговорот на ова прашање денеска ќе го даде регулаторната комисија за енергетика, која според својата методологија ќе ги пресмета максималните цени по кои горивата треба да се продаваат во Македонија во наредните седум дена. Иако тие својата пресметка не ја прават според цената на суровата нафта туку според просечната цена на нафтените деривати на берзата, нивните трендови секако се поврзани. И така, ако ОПЕК се договори што се договори, и тоа во вистински момент а не како минатиот пат со што се поддржа растот на цената на суровата нафта, неминовно е да очекуваме пораст и на цените на горивата кај нас. Колку, ќе знаат само нашите регулатори, а кога, знаеме сите – ако не оваа, тогаш наредната недела или онаа после неа…


