Најдобрите автомобили во 2018-та година :: 13-мината величествени

13-мината величествени

Како и секоја година, JD Power ја објави листата на најдобрите автомобили според нивните критериуми
Објавено на 11 септември 2018 година

После купувањето на стан или куќа, набавката на автомобил најчесто претставува најголема семејна инвестиција. Заради тоа и потенцијалните купувачи треба добро да се пресметаат пред да се одлучат за овој или оној модел. За да им го олесни изборот, JD Power секоја година ги објавува резултатите од своето истражување на основа на кое подготвува ранг-листа на најдобрите автомобили според нивните критериуми. Годината тие анализираа преку 600 различни верзии и модели, кои ги вреднуваа на основа на многу фактори меѓу кои доминираа квалитетот на возилото, издржливоста, изгледот, перформансите, задоволството на купувачите и друго. Максималниот број на бодови што може да се освои е 100, а ова е ранг-листата на само 13-те модели оние кои успеаја да обезбедат 90 бодови.

  1. Porsche 911 (94 бодови)
  2. Genesis G90 (93 бодови)
  3. Mercedes S класа (92 бодови)
  4. Lincoln Continental (92 бодови)
  5. Porsche Macan (91 бод)
  6. Lincoln Navigator (91 бод)
  7. Lexus RX (91 поен)
  8. Porsche 718 Cayman/Boxster (90 бодови)
  9. BMW серија 7 (90 бодови)
  10. 10. Cadillac Escalade (90 бодови)
  11. Genesis G80 (90 бодови)
  12. Lexus GS (90 бодови)
  13. Porsche Cayenne (90 бодови)

Не треба да изненадува масовното присуство на Porsche и генерално на германските премиум производители, бидејќи се работи за анализа спроведена на американскиот пазар.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER