Јифеи Је – Стана официјален возач на Ferrari

Спортската програма на младиот Кинез ќе биде објавена наскоро

Од натпреварувачката сезона 2024, 23-годишниот Кинез, ќе биде официјален возач на Ferrari. Тој има освоено четири титули во различни категории. Возачот стана француски шампион во Формула 4 во 2016 година, победувајќи на 14 од 23 трки во календарот, а истото го направи и на Отвореното првенство на Евроформула во 2020 година со 11 сезонски триумфи.

Во 2021 година, првиот кинески возач кој се приклучи на фабричкиот тим од Маранело, ја заврши годината со две победи во шампионатот, и двете зад воланот на прототипите од класата LMP2, во европската и во азиската серија Ле. Тој беше првиот возач што ги освои двете првенства за една година. Јифеи Је изјави дека е воодушевен од ангажманот како официјален возач на Ferrari. За него ова е остварување на сонот и дефинитивно е пресвртница во кариерата.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER