ЅЕАТ го исполира Leon

Актуелната генерација на SЕАТ Leon е на пазарот од 2020 година, а со техничкото освежување останува важен столб во стратегијата на марката.

Со мали, но значајни освежувања марката од Марторел му вдахна нов живот на моделот што е важен столб на понудата. Надворешноста ја китат новите опционални Matrix LED предни светла. Во кокпитот на Leon вметнат е подобрен пакет на дигитализација со надградба на Human Machine Interface приклучоците. Ова се однесува на дигиталниот кокпит од 10,25 инчи зад воланот и на поголемиот стандарден инфозабавен систем од 10,4 инчи.

Опционално може да се нарача и 12,9 инчен екран. За индуктивно полнење на паметни телефони и други мобилни уреди, Leon сега нуди опција за безжично брзо полнење до 15 вати, вклучувајќи технологија за ладење. Под хаубата, почетниот мотор е новиот 1.5 TSI 116 КС, кој сега има 220 Nm вртежен момент што е повеќе за 20 Nm во споредба со претходната почетна верзија и се испорачува со шест степен мануелен менувач. Има и две благи хибридни опции со 115 и 150 КС, споени со 7 степен DSG менувач.

Нова генерација на приклучни хибриди е понудена во обновениот SЕАТ Leon, кои произведуваат системски 204 КС и 350 Nm. Комринацијата е направена од 1,5-литарскиот TSI бензински мотор со 150 коњи и електромотор со 115 КС. Литиум-јонската батерија има капацитет од 19,7 kWh и наменета е да обезбеди возење со нулта емисии повеќе од 100 километри. Полнењето на батериите сега може да се врши со моќност до 50 kW на брзи полначи со еднонасочна струја или 11 kW на ѕидна кутија со наизменична струја.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER