Шоичиро Тојода – Легендата нè напушти

Јапонија му должи многу!

Архитектот на глобалната експанзија на Toyota и раѓањето на Lexus почина на 97 годиншна возраст

Шоичиро Тојода, поранешниот претседател на Toyota Motor Corp., кој ја предводеше компанијата што ја основаше неговиот татко во глобална империја и невидена експанзија, почина денеска на 97 години. Големото и храбро срце на прекина да работи, но неговата заложба останува да ја води идејата на компанијата која е најголемиот светски производител на автомобили и во портфолиото го има најпродаваниот автомобил на светот, Toyota Corolla, која се одржува на светскиот трон две децении!

Ќе биде запомнет како најмалад член на управен одбор на автомобилска компанија, во кого влезе со само 27 годишна возраст и направи револуција од која плодовите се собираат и ден денска. Како претседател на Тоуота беше од 1981 до 1992 година и во неговиот мандат беше етаблирано производството во Северна Америка и формирањето на луксузната марка Lexus.

По експанзијата во САД, тој е „одговорен“ и за европскиот бум на компанијата со отворањето на фабриката во Бурнастон, Англија. Чекорите што доведоа до бескрајна репутација на Тоуота за квалитет и Lexus останаа до денеска. Тоуота е икона на автомобилската сцена која е доволно храбра и способна да ја води автомобилската индустрија во светот на новите технологии и мобилноста на иднината. Сето тоа е заслуга на Шочио Тојода кој беше храбар да ја следи идејата која ја поставија неговите претци. Нека му е вечна слава!

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER