Три причини за редовна проверка на притисокот во пневматиците

Три причини за редовна проверка на притисокот во пневматиците

Објавено на 30 мај 2019 година

Летната сезона само што не пристигна. Ако сакате да извлечете максимум од летното возење, проверете дали притисокот во вашите пневматици е подесен како треба. Тој влијае на безбедноста, траењето на пневматиците и потрошувачката на гориво. Ова се трите основни причини за редовна проверка на притисокот во пневматиците.

Полесно возење и поголема безбедност

Притисокот во пневматиците значително влијае на управливоста на автомобилот и безбедноста. Недоволно или нерамномерно напумпаните пневматици можат да направат автомобилот тромо да реагира на управувањето и неочекувано да се однесува во екстремни ситуации. – Важноста на соодветниот притисок посебно е нагласена во екстремни ситуации со брзи маневри, како што се промената на лентата на движење или избегнувањето на судар со животни на патот. Од друга страна, недоволно напумпаните пневматици на дожд можат да го продолжат патот на сопирање и да ја намалат отпорноста на пливање, објаснува Мартин Дражик, производствениот менаџер во Nokian Tyres Europe. Нестабилното управување станува уште поизразено под поголемо оптоварување, заради што при возење со приколка треба малку да се зголеми притисокот во пневматиците.

Подолг век на траење на пневматиците

Притисокот во пневматиците влијае и на нивниот век на траење. Недоволно напумпаните пневматици побрзо се трошат и се склони кон оштетувања. – Нискиот притисок во пневматиците доведува до загревање и зголемено абење. Заради загревањето на структурните елементи на пневматикот поголеми се шансите да дојде до оштетувања и негово пукање. Недоволната напумпаност го намалува растојанието меѓу тркалото и површината на пневматикот. Заради тоа тој полесно може да удри во тркалото и поголема е веројатноста за оштетување, на пример при качување на тротоар. Напролет заради патиштата оштетени од зимата и ударните дупки може да дојде до зачестени удари на пневматикот. – Во идеален случај, нискиот притисок во пневматикот се решава со негово допумпување, но во најлош случај недоволно напумпаниот пневматик може да се оштети и пред да стигнете до бензинска станица, вели Мартин Дражик.

Помала потрошувачка на гориво и намалување на емисиите на јагленород диоксид

Притисокот во пневматиците директно е поврзан со потрошувачката на гориво и емисиите на јагленород диоксид. Недоволната напумпаност го зголемува отпорот на тркалање на пневматиците, што доведува до непотребна потрошувачка на гориво. – Многу производители на автомобили покрај вообичаените вредности за 1 до 3 лица и полно оптоварување, го наведуваат и таканаречениот еко-препорачан притисок. Таква подесеност максимално ги намалува отпорот на тркалање и емисиите на издувни гасови, додава Дражик. Воздухот со време издишува, а при вообичаено возење невозможно е да се каже дали пневматикот е недоволно напумпан. Според тоа, дури и после замената на пневматиците, притисокот треба да го проверувате на секои три недели или барем пред подолгите патувања. Нема потреба да се намалува притисокот на топло време, бидејќи благата пренапумпаност не штети на пневматиците.

Совети за безбедно летно возење

  • Заменете ги пневматиците кои се во употреба подолго од 6 години, дури и ако изгледаат добри
  • Проверете ја длабочината на шарата – од безбедносни причини минималната препорачана длабочина е 4 mm. Користењето на излижани пневматици го продолжува патот на сопирање на возилото и ја намалува неговата управливост
  • Проверете дали на бочните ѕидови и газечката површина се појавиле пукнатини или испапчувања
  • Проверете ги главните бразди. Поголемите камчиња заглавени во нив во текот на возењето ќе се забиваат сé подлабоко во пневматикот и можат да предизвикаат посериозни оштетувања
  • Проверете дали сите пневматици се подеднакво истрошени. Ротирајте ги рамномерно истрошените пневматици меѓу задната и предната оска. Од безбедносни причини, двата пневматика кои се во најдобра состојба монтирајте ги на задната оска
  • Редовно проверувајте го притисокот во пневматиците. Соодветниот притисок ја подобрува безбедноста, го продолжува животниот век на пневматиците и ја намалува потрошувачката на гориво. Притисокот во пневматиците треба да го проверувате на секои три недели и пред секое тргнување на подолго патување. Притисокот проверувајте го додека пневматиците се ладни
  • Ресетирајте го системот за следење на притисокот во пневматиците откако сте ги напумпале. Модерните автомобили го поседуваат како дел од стандардната опрема

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER