Смена на кормилото во Гејдон
Новиот лидер ќе биде соочен со големи предизвици
објавено на 29.07.2020
На 10 септември во Гејдон ќе се случи примопредавања на власта. Од местото главен извршен директор на Jaguar Land Rover заминува сер д-р. Ралф Шпет зад чие име стојат најголемите успеси на оваа компанија. Тој беше првиот избор кога компанијата ја купи Ратан Тата, а за своите заслуги го препозна и Нејзиното височество кралицата Елизабета Втора која му ја додели титулата Витез. Веќе една година се најавува повлекувањето поради исполнет стаж и години зрели за пензија. На неговото место доаѓа Тиери Болоре кој има богата и успешна кариера во автомобилската индустрија. Французинот ја извршуваше должноста на преоден управител на групата Renault во периодот од бегањето на Карлос Гон и доаѓањето на Лука Де Мео, а пред тоа извршуваше одговорни функции во лиферантот на делови за автомобилската индустрија Faurecia. И покрај отстапувањето од челната позиција Ралф Шпет ќе остане во компанијата како потпретседател без извршна сила.


