Старата Lada Niva во нови изданија

Нови изведби на Lada Niva

Руската автомобилска индустрија продолжува да се прилагодува на ситуацијата и потребите

Lada го објави почетокот на продажбата на модернизираните комерцијални пикапи базирани на Niva Legend. Благодарение на искуствата стекнати од специјалните модификации на легендарниот теренец наменети за пожарникарите и спасувачките служби кои постојано работат со 80 до 100 отсто оптоварување, носивоста е зголемена на 640 до 800 килограми во зависност од изведбата. Тоа е постигнато со засилување на каросеријата и нова конструкција на спојот на кабината со полушасијата. Засилени се и задниот мост и пружините, а амортизерите имаат подолг од. Теренските својства се задржани, а преносните односи во самоблокирачките диференцијали се променети. Моторот е 1,7 литарски со 83 коњски сили, а менувачот петстепен. Според спецификациите максималната брзина изнесува 110 километри на час, а просечната потрошувачка 12 литри на 100 километри.

Новата палетата пикапи базирани на Niva вклучува верзии со единечна и двојна кабина со 2 и 5 седишта, со отворена или со плексиглас покриена платформа, надградби за ладилници, за возила за техничка помош и друго – вкупно повеќе од 30 различни конфигурации со товарен простор од 1 до 3,5 кубни метри. Цените се повеќе од прифатливи – според официјалниот курс стартуваат од 15 илјади евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER