Светски пазар на автомобили – Кина број 1

Кина ја престигна Јапонија!

Според статистиките за првиот квартал од годинава, Кина е најголем светски извозник на автомобили

Беше прашање на време, но и тоа се случи. Кина стана број 1 светски извозник на автомобили, преминувајќи ја Јапонија за 57.000 возила. Тоа се должи на неколку фактори, пред се политиката која најнаселената земја ја води. Русија е под санкции на западниот свет, категорија што Кина ја игнорира и тоа го искористи да ја покрие дупката на тамошниот пазар.  Кинеската асоцијација на производители на автомобили објави дека нацијата успеала да извезе вкупно 1,07 милиони возила помеѓу јануари и март.

Во истиот период Јапонија извезла 950.000 возила. И покрај губењето на првото место, извозот на автомобили од земјата на „изгрејсонцето“ порасна за шест отсто, во споредба со првиот квартал од 2022 година. Сепак, кинеските производители на автомобили испорачаа 58 отсто повеќе возила надвор од земјата во првите три месеци од 2023 година отколку една година претходно, известува Никеи Азија. Главен фактор што придонесува за тој раст беше што кинеските производители на автомобили продаваат возила во Русија. Јапонските производители на автомобили им се придружија на компаниите од други земји политички усогласени со САД во повлекувањето од Русија.

Кинеските не го сторија тоа, а нивниот извоз на пазарот тројно се зголеми на 140.000 возила на почетокот на оваа година. Извозот на кинески БЕВ речиси двојно се зголеми во првиот квартал од годината на 380.000 единици. Како резултат на тоа, тие учествуваа со речиси 40 отсто од целиот нејзин извоз. Кинеската политика ја охрабри нејзината автомобилска индустрија да вложува во електрични возила, додека јапонските производители на автомобили побавно инвестираат во оваа технологијата.

Најважните два извозни пазари на Кина беа Белгија и Австралија, нејзиниот трет најголем беше Тајланд. Јапонските производители на автомобили традиционално доминираа во Југоисточна Азија. Значаен удел во овој скор е речиси тројно зголемениот извоз на Кинезите во Германија за првиот квартал од годинава. Во целата слика учествуваат и западните производители на автомобили кои имаат свои фабрики за возила во Кина од каде ги снабдуваат пазарите.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER