Премиера на новиот BMW X5 :: The Boss is Back

The Boss is Back

Новиот BMW X5 сега е помоќен, подинамичен, технолошки понапреден, но и поудобен од сите своите претходници
Објавено на 9 ноември 2018 година

Нетрпеливо чекајќи да се симне велот и за прв пат да го види новиот BMW X5, публиката во Македонија коментираше како X-гамата на Баварците се прошири на сé од 1 до 7. Но сепак оригиналот остана ненадминат и најпожелен, како порано така и сега, во своето четврто издание. Спортски но луксузен, новиот BMW X5 беше премиера но карактеристиките му беа „репризни” – веќе докажани кај претходните генерации, сега однесени на ново повисоко ниво. Помоќен и подоминантен од кога било, овој теренец со заслужен прекар Тhe Boss е на пат да го отвори следното поглавје на успешната X-приказна. Со динамичниот дизајн, удобноста и најголемиот избор досега на системи за помош за возачот четвртата генерација на BMW X5 едноставно импресионира. Со изобилство иновации претставува најубедливото отелотворување  на познатиот оригинал од ’99-тата досега.

Ексклузивната внатрешност и нагласената спортска активност ги дополнуваат многубројните карактеристики што ги означува X-комфорот и удобноста. За поголема индивидуализација, фабрички се достапни две алтернативи на основната варијанта. xLine кој што ја нагласува многустраноста на новиот BMW X5, а дополнително M Sports пакетот ги нагласува динамичните квалитети на возилото на патот и интензивното искуство на возење обезбедено во внатрешноста. Веднаш по претставувањето, новиот BMW X5 ќе има 4 достапни мотори – два дизел и два бензински.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER