ПОЦ – Смена на директори

Нов в.д. директор

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денес го именуваше Душко Коцевски за в.д. директор на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје, кој доаѓа на оваа позиција на местото на досегашниот директор Васко Кичевски. Душко Коцевски е роден на 17.12.1988 година во Скопје, каде и го завршува основното и средното образование. Дипломира на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, насока Финансиски менаџмент. Во својата кариера Душко Коцевски беше заменик директор на ЈП Градски Паркинг Скопје, каде дојде од менаџерска позиција во приватниот сектор во металната индустрија, a до неодамна беше и Претседател на Извршниот Одбор на ЈП „Паркови и зеленило“. Со именувањето Коцевски ветува дека заедно со тимот на ПОЦ ќе работи на подигнување на стандардите на работење на уште повисоко ниво што значи подобри услуги за корисниците, соодветен простор за сите учесници во сообраќајот и организирање на јавниот простор за поквалитетно секојдневие во срцето на градот.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER