Паркирање – кај нас и во Велика Британија

Паркирање – кај нас и во Велика Британија

За кај нас нема да зборуваме – гледаме секој ден како се паркираме…

Објавено на 12 јули 2019 година

Светот постојано оди напред, со што постојано се јавуваат и нови проблеми во живеењето – еден од нив е и паркирањето на возилата, кои кај нас се насекаде. Ги има на празните простори меѓу зградите, на улиците, тротоарите, па и таму кај што не смеат да бидат. Паркирањето на возилата е генерален проблем на развиените и не така развиените општества, со тоа што оние првите се борат со него на свој начин – во Велика Британија на пример, се воведува целосна забрана за паркирање на возила на тротоарите, дури и ако тие само делумно ја зафаќаат површината наменета за движење на пешаците. Овој начин на паркирање веќе е забранет во Лондон, а се очекува и наскоро да се случи истото и во цела Шкотска. Сепак, непрофитната организација IAM RoadSmart предупредува дека целиот процес за забрана за паркирањето на тротоари треба внимателно да се испланира, бидејќи ако на локално ниво се избрза со ваква одлука илјадници возачи преку ноќ ќе останат без свое место каде би го оставиле автомобилот. Од друга страна, заговорниците за забраната со право наведуваат дека паркирањето на автомобили на тротоарите го отежнува движењето и ја загрозува безбедноста на пешаците, посебно на лицата со хендикеп, слаб вид, родителите со мали деца и сите оние со потешкотии во движењето.

Како кон овој проблем се пристапува кај нас, нема да коментираме.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER