Обновен музејот на Lamborghini (фото-галерија)

Иднината започна 1963-тата

После големото реновирање, музејот на Lamborghini повторно ги отвори своите врати

Со овој настан официјално се одбележува почетокот на прославата на 60-годишнината на марката. Комплетно изменет, новата постава на експонати во него ги следи најинтересните периоди на компанијата од Сант’Агата Болоњезе. Приказната започнува со еволуцијата на марката  нејзините автомобили. Ги има изложено 19 и ја раскажуваат со почит кон култното техничко и дизајнерско наследство на вродените принципи кои ги карактеризираат гените на славното италијанско име. Изложбата го нагласува намерно неконвенционалниот и револуционерен начин на кој е создаден секој нов модел, способен да ги прекрши правилата на своето време и секој пат наново да постави мерила кои другите тешко ќе ги следат. И објектот во кој се наоѓа музејот има своја историја – дел е од првото јадро згради во кои во ’63-тата Феручо Ламборгини го постави камен-темелникот на компанијата способна да создаде свој свет и да стане автентичен извор на инспирација.

Списокот изложени автомобили е поделен во три главни теми:
Наследство: 350GT; Miura S; Espada; LP 400 Countach; Urraco; LM 002
Современи: Diablo GT; Murciélago SV; Gallardo Performante Spyder; Huracán Performante; Aventador SVJ; Urus; GT3
Единствени: Reventón; Sesto Elemento; Veneno; Centenario; Sián; Countach LPI 800-4

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER