На Porsche не му оди добро но ретко кој од работниците има причини да се жали
Собирот на акционерите кои беа бесни заради лошите резултати ги исфрли на виделина платите на вработените кои компанијата мораше да ги објави како одговор на прашањето на еден од присутните. А тие воопшто не се за занемарување – голем дел од работниците таму заработуваат двојно повеќе од германскиот просек. Според статистичките податоци просечните годишни примања на државно ниво изнесуваат 54 илјади евра што е за 4 илјади помалку отколку што примаат работниците во производството. Административците лани имаат заработено по 61.700 евра, развојните инженери по 87.500 а проект-менаџерите по 91.800 евра. Но најинтересното е што шестцифрени годишни примања имаат малку над девет илјади луѓе што е скоро 40 отсто од вкупниот број вработени во компанијата кој изнесува 23 илјади. Лани над 300 илјади евра имаат заработено двесте лица а 28 повеќе од 500 илјади. На врвот секако се членовите на управата чии примања се милионски но не толку колку што примаат нивните колеги во другите германски авто-компании.
Сите наведени суми се во бруто износи.


