Јапонците суверени
Лани низ светот се произведени преку 60 милиони мотоцикли
Во светот на мотоциклите владеат некои други правила. Локалните потреби за брз, ефикасен и евтин транспорт се приоритет, па затоа не чуди што меѓу најголемите производители на мотоцикли има за нас сосема непознати имиња. Владетелите сепак ни се добро познати – јапонската тројка држи повеќе од половина од глобалниот пазар. Нивната импресивна моќ доаѓа од Honda која пласираше дури 17,5 милиони примероци, Yamaha е на четвртото со 4,5 милиони а Suzuki на седмото со 1,8 милиони единици.
Меѓу нив се распоредени три индиски марки – Hero (кој е бивша филијала на Honda) на второто место со 5,4 милиони, Bajaj на петтото со 3 милиони и TVS на шестото со 2,8 милиони, додека на третото место со 5 милиони е кинескиот Yadea кој произведува само електрични модели. Од кина се и преостанатите меѓу првите десет – Lifan, Loncin и Haojue со производство меѓу 1,8 и 1,6 милиони.
Во споредба со овие бројки европските марки се „ситна риба“, дури и големите KTM и BMW кои лани успеаја да пласираат респектабилни 270 илјади односно 200 илјади мотоцикли. Далеку подобар е Piaggio со 625 илјади, а премиум играчите Triumph и Ducati имаат 84 илјади односно 61 илјада продажби.




