Кинескиот Aiways го напушта домашниот пазар

Aiways се ориентира кон извозот

Додека сите светски производители сакаат да го засилат своето присуство во Кина, Aiways го напушта домашниот пазар

Основан во 2017-тата, Aiways за кратко време покажа стратешки мудро познавање на приликите на пазарот и условите за работа во Кина. Заслуга за тоа има основачот на компанијата Фу Кианг, поранешен раководител во кинеските филијали на Volvo, Mercedes и Škoda, како и во FAW-VW. Ангажирајќи ги вистинските луѓе на вистинските места, првиот модел беше претставен во 2018-тата. Продажбата во Кина стартуваше при крајот на наредната година, за кон средината на 2020-та да започне извозот во Европа. Подемот беше евидентен, а со тоа и инвестициите кои донесоа финансиски потешкотии. Раководството и стратегиите се менуваа, за на крај да се појави нов неименуван инвеститор според чија замисла компанијата ќе се фокусира на извозот. Информациите за оваа одлука не се комплетни но доаѓаат од германската филијала на марката, а во нив се вели дека компанијата и понатаму ќе продолжи со активности во Кина, но само на ниво на корисничка поддршка.

Што навистина ќе биде, ќе покаже иднината. Дотогаш на купувачите ќе им бидат на располагање два електрични кросовера на марката, чии цени во Европа се движат од 39 илјади евра па нагоре.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER