И Ford во борба против дрогата

Патентиран систем за откривање дрога во автомобилот

Зачестените случаи на несакан шверц на наркотици од Мексико во САД ги натераа инженерите на Ford да побараат технички решенија да го спречат тоа – пријавија патент кој ја открива дрогата во автомобилот. Имено, водени од својата инвентивност и желба за лесна заработка без да се изложуваат на ризици, криумчарите во Мексико знаат да подметнат дрога во возилата на туристите кои тие несвесни за тоа ќе ја пренесат преку граница. Ford реши да им ја отежне оваа навика со разни сензори и камери во возилото кои ги надгледуваат неговата тежина, ослушнуваат сомнителните активности во негова близини и бараат непознати GPS и радио фреквенции што се емитуваат од автомобилот бидејќи трговците со дрога често ја следат локацијата на својата жртва за да си го соберат товарот од другата страна на границата. Ако системот детектира некои невообичаени активности, на пример некој долго стои близу возилото, тогаш ги активира камерите за да ја сними околината како доказ.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER