ЕУ полека попушта – Се планира нова регулатива за мотори со согорување

Притисокот на Германија ги спаси „цилиндрите“?

Новата категоризација ќе го продолжи векот на класичните мотори

Регулативата за укинување на продажбата на возила со мотори со согорување и фаворизирање на електричните возила од 2035 година веќе паѓа во вода. По направениот притисок од Германија подготвен е нацрт предлог на Европската Комисија во кого се сугерира создавање нов тип на категорија возила во ЕУ за автомобили што можат да работат само на синтетички или т.н. е-горива кои се јаглеродно неутрални. Европската комисија подготви план со кој се дозволува продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување кои работат само на климатски неутрални е-горива, во обид да се реши несогласувањето со Германија. Таквите возила би морале да користат технологија која би ги спречила да работат доколку се користат други горива, се вели во нацртот. Ова би вклучувало „систем за контролирање на горивото“ за да се спречи автомобилот да функционира доколку се напојува со горива што не се јаглеродно неутрални.

Овој предлог нуди пат за производителите на автомобили да продолжат да продаваат возила со мотори со согорување по 2035 година, датумот кога планираниот закон на ЕУ е поставен за забрана на продажба на нови автомобили што емитуваат CO2.

Германското Министерство за транспорт објави дека разговорите со Европската Комисија за укинувањето на моторите со согорување од 2035 година се движат напред, но додаде дека не може да каже кога ќе биде постигнат договор.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER