Еуроимпекс со нова акција » Ако е време за замена на ребрестиот ремен…

Ако е време за замена на ребрестиот ремен…

Во овие кризни времиња кога сите сме погодени од тековната ситуација, Еуроимпекс продолжува со позитивна работа и останува на располагање на клиентите на кои им се нуди можност за промотивна цена за сет ребрест ремен, водена пумпа и работна рака за таа операција

Објавено на 15 април 2020 година

Ребрестиот ремен е витален за функционирање на моторот и диригира со неговата работа. Тој постојано е изложен на низа напрегања и затоа неговата беспрекорна состојба е особено важна. Сервисниот план строго ги пропишува интервалите на негово сервисирање и тука не би требало да постои компромис. Секое негово непочитување може да доведе до трајни оштетувања на моторот.  Токму затоа генералниот увозник на Peugeot во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија Еуроимпекс од Скопје, ги повикува возачите да го проверат својот сервисен план и сервисната книшка на своето возило за да може безгрижноста да продолжи. Ова е одлична можност за сите сопственици на Peugeot возила да добијат промотивна цена за сет ребрест ремен, водена пумпа и работна рака за таа операција. Акцијата е во важност за промотивниот период во рамките на целата овластена мрежа на Peugeot во Македонија и истата е со времетраење до 15.6.2020 година. Тоа можат да го сторат на двете сервисни локации на Еуроимпекс во Скопје и уште петте дилерски сервиси во нашата земја.

Еуроимпекс и дилерската мрежа ја поставуваат безбедноста на своите клиенти на највисоко ниво и одговорно се придржуваат и ги имплементираат најновите насоки, препораки и совети дадени од светската здравствена организација и нашата влада.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER