Електричен Ducati MotoE V21L (видео)

Првиот електричен мотоцикл на Ducati

Експертизата за иднината согледана со заеднички сили на Ducati и неговото спортско одделение резултираше со прототип развиен за натпреварувања преку кои ќе се соберат неопходните искуства за комерцијално искористување на електричните технологии. Овој мотоцикл со ознака V21L е електричен на марката од Болоња и во себе интегрира технички решенија досега неусвоени за батериите, моторот и инвертерот. Развојот на проектот веќе е во напредна фаза и се одвива со брзо темпо кон 2023 година кога Ducati ќе ја преземе улогата на единствен снабдувач на светскиот FIM MotoE куп со 18 електрични мотоцикли кои ќе се натпреваруваат.

Според изгледот V21L е сличен на прототипот кој Ducati го тестира веќе некое време. Она што е исклучително важно е фактот што тој навистина е вистински Ducati што јасно го кажува со визуелната комуникација. Тежок е 225 килограми, од кои половината се батериите од 18 kWh специјално проектирана за него. Развија 150 KS, а максималната брзина која ја има развиено на патеката Муџело е 275 km/h. Останатите клучни компоненти ги вклучуваат Ohlins NPX 25/30 наопаку свртената вилушка базирана на онаа кој Superleggera V4. Тука се и потполно подесливиот заден амортизер Ohlins TTX36 и наменските Brembo сопирачки.

Ducati е посебно горд на својот систем за ладење со двојно кружење кој ги опслужува батериите, моторот и инвертерот. Затоа нема потреба за чекање пред полнење откако загреаниот мотоцикл ќе излезе од патеката, туку тој може веднаш да се приклучи и неговата батерија да се наполни до 80 отсто од капацитетот за само 45 минути.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER