Европски Парламент – Забрана за моторите со согорување

2035 Европа без клипови!

Со тесен резултат, сепак победи нерационалната забрана на возилата со мотори со внатрешно согорување

На светскиот ден на зачувувањето на енергијата, европскиот парламент го направи финалниот чекор со кој возилата со мотори со внатрешно согорување се праќаат во историјата изгласувајќи ја забраната за нивна продажба. Мора да кажеме не беше лесно – заради противењето на одделни влади за оваа одлука која ќе стапи на сила од 2035 година гласаа 340 европратеници, 279 беа против а 21 воздржани.

Против беше и поголем дел од стручната сфера, од каде нагласуваа дека тоа ќе ја зголеми зависноста од Кина за репроматеријали и ширум ќе го отвори патот за увоз на нивните возила. Со тоа би бил загрозен потенцијалот на автомобилската индустрија на Европа чии скоро 15 милиони работници создаваат повеќе од седум отсто од бруто општествениот производ. Аргументите на аналитичарите дека за напредок во вистинска насока е потребна разноликост на технологиите сепак не ги убедија политичките умови да подразмислат уште малку.

Не помогнаа ниту тврдењата дека за целосно остварување на нивните намери е потребна и декарбонизација на производството на електричната струја. Така после 12 години во Европската Унија повеќе нема да можат да се купат автомобили и лесни комерцијални возила кои испуштаат јагленород диоксид во атмосферата, но постоечките ќе се возат и препродаваат до крајот на нивниот животен век. За да стане извршна оваа одлука потребно е уште формално да биде одобрена од Советот на Европа и да се објави во службениот весник на Европската Унија. Од неа и тоа трајно се исклучени само производителите на помалку од илјада возила годишно, во кои спаѓаат марки како Bugatti, Koenigsegg, Pagani и слични.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER