Дебитираше Ares Panther Evo

Модерна изведба на De Tomaso Pantera

Италијанското  дизајн студио Ares Modena претстави нова еволуција на реинкарнираниот De Tomaso Pantera од седумдесеттите, онака како што тие го замилуваат.  Досега познат како Panther ProgettoUno, новиот модел својот има попрефинет дизајн и дотерана кабина. За Panther Evo како што e наречен, неговите креатори ќе кажат дека е совршена комбинација на стил и моќ. Промените во однос на првата верзија се обемни и вклучуваат нов заден браник и централно поставен двоен издувен систем. Вдлабнатината на регистарската табличка е елиминирана, а новите задни светла сега изгледаат далеку попристојно.

Италијанците не навлегуваат многу во спецификациите, но рекоа дека автомобилот има каросериски панели од јаглеродни влакна, челичен рол-кафез и хибридна шасија од алуминиум и карбон. Моќта ја обезбедува 5,2 литарски V10 мотор кој произведува 650 KS, кој пред да ги достигне максималните 325 km/h треба да му обезбеди катапултирање до 100 km/h за 3,1 секунда.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER