Дали Тојота ќе го спаси Нисан?

Бизнисот не познава граници ниту непријателства, а парите ги отвораат сите порти па и оние кои не постојат. Така можат да се прокоментираат вестите дека после неуспехот на преговорите со Honda, раководството на Toyota контактирало со Nissan за можно партнерство на компаниите. Ако за Toyota ова звучи мегаломански бидејќи на овој или оној начин под своја закрила веќе ги има сите други преостанати автомобилски производители во Јапонија, за Nissan е сламка за спас. Буквално бидејќи со оглед на тоа дека Toyota е три-четири пати поголема компанија ќе биде проголтан од нејзина страна, нешто за што не сакаа ни да слушнат во разговорите со Honda. Но ако ги прашате аналитичарите, тие со резерва заради антимонополските закони ќе кажат дека во моментов ова е единствена реална опција Nissan најмалку можно безболно да продолжи да живее – сé друго ќе остави подлабоки траги.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER