Вол Стрит паѓа, но некој (по грешка) ќе ќари

Вол Стрит паѓа, но некој (по грешка) ќе ќари

Објавено на 10 декември 2019 година

Светските медиуми се окупирани од вестите за опаѓањето на акциите и индексите на берзата во Вол Стрит, од што голем број акционери ќе загубат многу пари. Но некој сепак ќе ќари – притоа не мислиме на мешетарите кои тргувајќи со акциите заработуваат на туѓ грб, туку на оние што по грешка купиле акции од компанијата Forward Industries мислејќи дека е Ford. Забуната доаѓа од кратенката под која се тргуваат акциите на споменатата компанија од Флорида која е, верувале или не, FORD, додека  пак акциите на производителот на автомобили со тоа име на берзата се одбележани едноставно со F. Зошто е така знаат само оние кои ги доделуваат берзанските ознаки на акциите, иако е очигледно дека до забуна лесно може да дојде. Но и во тој случај несудените акционери на Forward Industries ќе имаат среќа, бидејќи нивните акции се постабилни од оние на Ford. Конкретно, во последните 5 години тие имаат паднато за 8,07%, а оние на Ford за дури 40,95%.

Ова не е единствен конфузен пример за берзанските ознаки. Се мешаат и Apple Hospitality (APLE) и Apple (AAPL), Hewlett Packard (HPQ) и Helmerich & Payne (HP) и други. Проценка е дека исправањето на грешките со купување акции од погрешни компании ги чини инвеститорите околу милион долари годишно на име провизии за трансакциите.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER