Во Шангај блеснаа многу новитети. Еден од најмаркантните е VW ID.7 кој, за разлика од неговите претходници од електричното семејство од Волфсбург, по архитектура е модерен седан. Електричниот Passat, како што веќе го нарекува критиката директно ќе ги нападне Model 3 и Ioniq 6. Во тоа ќе му помогне новиот погон предвиден за целата електрична гама на VW кој испорачува 286 коњи чие деби се очекува кон крајот на годинава. ID.7 ќе биде достапен на три континенти Европа, Азија (Кина) и Северна Америка.


