Се приближува летото, но временските услови никако да се стабилизираат. Тоа најмалку им пречи на вистинските љубители на моторциклите. За нив денеска одвојуваме прилог кој ќе ги израдува сите поклоници на новините на две тркла. VW веќе ја најави продолжената верзија на електричниот ID Buzz закажана за комерцијализација идната година исто како и Lexus LBX кој е направен за Европа. Од Англија ни доаѓа најсилниот Range Rover во изведбата Sport SV кого во првата година ќе можат да го купат само муштерии кои имаат покана од производителот…


