Јеер Compass – Македонска премиера

Македонија

Модернизирана традиција

Покрај атрибутите на марката, новиот Compass е засилен со силна персоналност

објавено 12. мај 2021

Компактниот модел Compass доби нова страница во своето постоење. Конструиран е да одговори на потребите на урбаните купувачи кои повремено сакаат да избегаат од џунглата на асфалтот и во природата да се чувствуваат слободно. Покрај засилениот дизајн и подобрените материјали во внатрешноста ставен е акцент на неговите возни својства кои се подржани со избор на погони кои ги комбинираат последните трендови во автомобилскиот свет. Затоа регрутирани се мотори со внатрешно согорување и тоа бензинец и дизел со распон на силат од 130 и 150 КС. Силната еколошка ориентација е подржана со електрификацијата која ја зголемува моќноста на 190 и 240 коњи и овозможува погон на сите тркала. Не се заборавени ниту љубителите на дизелот кои го имаат на избор добро познатиот 1,6 литрен агрегат од 120 КС. Внатрешноста има зголемен квалитет исполнет со конективни и инфо-забавни технологии. Се истакнува со тоа што е првиот Јеер во Европа што достигна ниво 2 на автономно возење и е опремен со најновата генерација ADAS каде се вклучени повеќе системи, од препознавање сообраќајните знаци, интелигентна асистенција за брзината, кој автоматски го одржува возилото во наведените ограничувања на брзината, предупредување за замор на возачот и автоматско сопирање во итни случаи со препознавање пешаци и велосипедисти. Најважната нова опција е Highway Assist, која комбинира адаптивен темпомат и одржување во коловозна лента, односно автоматско прилагодување на брзината и траекторијата. На избор се четири конфигурации (Longitude, Limited, 80°Anniversary и S). Цените за изведбите со термички мотор започнуваат од 22.890 евра додека приклучниот хибрид со eAWD стартува од 40.000 евра.