Ја возевме Opel Zafira Life » Вистински крстосувач на висина на својата задача

Вистински крстосувач на висина на својата задача

Бевме поканети во Германија на првите официјални возења на Opel Zafira Life, која има и погон на сите четири тркала – ова се нашите импресии

Објавено на 03 јули 2019 година
автор: Крумислав Барзов

Како локација за презентацијата на Zafira Life, нашите домаќини го избраа центарот на ADAC за теренско возење. Можеби се прашувате што бара Opel на терен, но одговорот е многу едноставен – заедно со компанијата Dangel која е специјализирана за 4×4 погони Opel ја зголемува понудата со возила кои имаат перманентен погон на сите четири тркала. Меѓу ние е и новата Zafira, која сега е големо и извонредно повеќенаменско возило. Првиот дел од тестот го направивме токму на off-road патека за да видиме што може оваа куќа на тркала да направи на терен.

Одамна немав возено Opel на терен, уште од времето кога беше актуелна Frontera. А теренот сега беше доста, доста остар. Сепак, првата пречка ја поминавме добро. Повторно следеше мало форсирање надолу и повторно Zafira нема никакви проблеми со поминувањето на теренските препреки. Овој терен е направен да извлече максимум од погонот, но и од каросеријата. Токму тој докажува колку добро е направена новата Zafira. Не е за верување дека таа е наменета за тешки терени, но сепак е способна истите да ги победи и да ги помине сите пречки без поголем проблем и покрај тоа што моторот и потпирањето се одведуваат до крајни оптоварувања. Пред сé поради големото меѓуоскино растојание, но и големото растојание од тлото. Поминавме и преку мост направен од трупци на кој за да се помине мора да му се пристапи како треба. Секако, и оваа пречка ја совладавме без никаков проблем. Што повеќе време поминував на теренот со Zafira сé повеќе мислев дека е направена за уживање зад управувачот, без оглед на кој терен и каква подлога се вози. Мене би беше интересно бидејќи оваа грдосија од 5,3 метри колку што е долга во изданието што ја возевме без поголеми проблеми ги поминуваше сите пречки на теренот. Голема предност на Zafira притоа е меката амортизација која впрочем е добиена од Peugeot. Во многу нешта новата генерација на Zafira потсетува на Peugeot. Гледајќи го воланот, инструментите но и сите останати манипулатори укажуваат дека Zafira е плод на љубовта помеѓу германската и француската марка.

Теренските способности на Zafira се многу добри, а нејзиното однесување на асфалт уште подобро. Zafira е наменета за транспорт на луѓе. Пластиката на централната конзола е малку груба, но нејзината изработка и вкомпонираност во внатрешноста е многу прецизна. До возачкото седиште има еден голем празен простор кој нема никаква функција, но изгледа идеален за да се стави фрижидер – сега таму е само рачната сопирачка. Мојата колешка од Србија напомена дека овој простор е идеален за женски чанти. Со еден притисок на копче се отвораат задните врати кои го отвораат и погледот кон внатрешноста на Zafira која е направена да биде ексклузивна. Овој транспортер е направен за да се ужива во возењето. Целата внатрешност е обложена со кожа, а панорамскиот покрив дава дополнителна свежина на просторот. Задниот ред седишта исто така  е комотен и квалитетно изработен.

Се враќаме на возењето на Zafira со дволитрениот турбо дизел со 177 коњски сили впарен со осумстепена трансмисија. Името Zafira е во служба во Opel повеќе од дваесет години. Три генерации беше многунаменско возило и беше прва во класата која понуди простор за седум патници. Со новата, четврта генерација, Zafira целиот сегмент го крена на ново ниво нудејќи три должини на каросеријата започнувајќи со мала од 4,6 метри, средна со 4,95 метри и долга која бележи 5,3 метри должина. Со овие три различни должини на каросеријата Zafira покрива широк сегмент и отвора нови стандарди кај многунаменските возила. Новата генерација е вистински крстосувач кој има капацитет да пренесува од седум до девет лица и за прв пат нуди разни варијации во кабината. Со ваквиот концепт мора да се стави акцент на повеќе остварувања наменети на уживањето на патниците и нивниот безгрижен престој во кабината како што е просторен ентериер, високо ниво на комфор, софистицирани системи за помагање на возачот, врвен инфотејмент систем, камери и радарски темпомат. Напредните технологии се впарени со избалансирани пропорции и добар изглед. Севкупниот впечаток е повеќе од добар.

Zafira е возило кое е на висина на својата задача. Критиките упатени на грубата пластика не отскокнуваат од понудата кај конкуренцијата. Покрај широката палета мотори и преноси, се очекува електричниот погон да се приклучи на почетокот на 2021 година. Тогаш уште еднаш Opel ќе покаже дека е марка со полн капацитет да ги исполни сите предизвици на техничките и естетските норми кои ги наметнуваат новите генерации на купувачи.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER