Чудни сообраќајни прописи

Чудни сообраќајни прописи

Објавено на 7 септември 2019 година

Пред тргнување на пат во странство во секој случај е пожелно и потребно да се проверат сообраќајните правила кои се на сила во земјите низ кои ќе патувате, бидејќи некои од нив се чудни, дури и неверојатни. Иако во огромен дел случаи доволно е да се почитуваат стандардните прописи кои важат и кај нас, на некои правила кои несвесно ќе ги прекрши тешко е човек да се подготви ако не е запознат со нив.

Така на пример во Германија е забрането да останете без гориво на автопат. Како оаза за љубителите на брзи автомобили каде на бројни делници од патната мрежа нема ограничување на брзината, безбедноста на учесниците во сообраќајот е апсолутен приоритет. А бидејќи ако останете без гориво таа значително ќе биде загрозена, казните за тоа се високи. Со слична логика се имаат водено и законодавците во Шпанија, која како туристичка дестинација има забрането возење без соодветни обувки – со влечки, на пример, но и со високи штикли. Плус на тоа, сите кои носат очила во секој момент во автомобилот мора да имаат резервни. Истото важи и во Швајцарија и Франција, каде е забрането да се користат анти-радари и слични помагала кои укажуваат на тоа каде се полициските контроли за брзината на движење, како на пример систем за навигација со ваква опција – се ризикува губење на возачката дозвола, па дури и запленување на автомобилот. Во Финска, пак, секое налетување на животно на патот возачот мора веднаш да го пријави на полиција, чии службеници пак во Русија имаат право да напишат казна ако автомобилот е нечист, притоа користејќи се со слободна проценка и посветувајќи посебно внимание на регистарските таблички.

Во некои земји пак постојат правила кои не можат да се претпостават. На пример дека во Тајланд е забрането да се вози гол, дури и без маица, или пак дека во Сингапур возач на автомобил не смее да му се приближи на пешак на помалку од 50 метри. Сепак како најчудни би ги издвоиле правилата дека во Данска пред секое возење мора да се провери под автомобилот да се нема сокриено некое дете, или пак тоа дека во Колорадо е забрането возењето на црни автомобили во недела. Јасно, претставниците на закон се свесни за нивната апсурдност и во пракса не ги спроведуваат овие правила, што не може да се каже и за останатите.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER