Цените на горивата отидоа нагоре
Објавено на 16 септември 2019 година
Неделното ‘добро утро’ што ни по посака регулаторната комисија за енергетика овој пат ќе нé чини денар повеќе – според нивната одлука од утре токму за толку се зголемуваат цените на горивата, поточно на бензинот од 95 октани и дизелот. Нешто поевтино ќе поминат оние чии автомобили користат бензин од 98 октани, кој ќе чини половина денар повеќе. Изразено во апсолутни бројки, тоа значи дека за литар еуросупер БС-95 ќе треба да плаќаме по 67,50 денари, за литар еуросупер БС-98 по 69,50 денари, а за литар еуродизел БС Д-Е V по 62,50 денари. Овој пат ќе ве поштедиме од образложението зошто.