Скопје Сити Мол ги пречекува љубителите на автомобили
После многугодишна пауза, во Скопје повторно се организира автомобилска смотра
објавено на 10 мај 2019 година
Овој пат со поглед и кон алтернативната иднина, бидејќи дел од неа ќе бидат и електричните автомобили и тротинети. Несекојдневна автомобилска изложба која ќе трае од денес до 12 мај во Скопје Сити Мол ќе опфати и олдтајмери, така што ќе се доживее како своевиден времеплов обединувајќи го минатото преку најстарите автентични олдтајмери, сегашноста преку актуелната комерцијална понуда на автомобили и секако иднината која треба да биде електрична, особено преку ексклузивните модели на Tesla. Сите љубители на автомобилската индустрија, но и сите кои уживаат во индустрискиот дизајн, како и следбениците на технологијата ќе имаат можност да пропатуваат низ времето преку оваа изложба, а во внатрешноста на Скопје Сити Мол ќе можат да погледнат и електрични велосипеди и тротинети. Следењето на трендовите и придонесот за заштита на животната средина во ова време е исклучително важно и токму поради тоа уште на почетокот на годината првите полначи за електрични возила се инсталирани на паркингот на Скопје Сити Мол.