Сингапур – Правото за поседување автомобил започнува од 56.000 евра

Сопствениците на автомобили во Сингапур мора да одвојат помеѓу 56.000 и 100.000 евра за да обезбедат 10 годишно право за поседување возило

Сингапур долго време е една од најскапите земји на светот за купување автомобил, а жителите сега ќе мора да плаќаат астрономски суми само за дозвола да регистрираат возило и да го возат на локалните патишта.

Процесот за набавка на возило во Сингапур не започнува со бирање на автомобил, туку со учествуво во наддавање за да добијат сертификат за право на поседување (Certificate of Entitlement) кој им дава право да управуваат возило една деценија. Воведен во 1990 година, сега достигна вртоглави цени. Најнискиот сертификат, Категорија А за возила со мотори до 1,6 литри или под 130 КС, сега започнува со приближно 68.000 евра.

Повисоката категорија Б, што опфаќа возила со мотори кои надминуваат 1,6 литри или над 130 КС, сертификатот чини околу 89.000 евра, додека категоријата „Отворено“, која не наметнува никакви ограничувања за типот на возилото, се искачи на рекордно високо ниво од 100.000 евра. Во сегментот на комерцијални возила, означен како Категорија Ц што вклучува автобуси и комбиња, за сертификатот се плаќа 56.000 евра. Љубителите на големи моторцикли плаќаат нешто повеќе од 7.000 евра.

Иронијата да биде поголема, квотите за набавки на возила не беа доволни да ги задоволат сите побарувања кои ги надминаа доделените квоти. Сингапур има 5,5 милиони жители а просечниот приход е приближно 46.000 евра годишно. Малата нација го ограничи бројот на дозволени возила на локалните патишта на приближно 950.000 што доведе до поскапувањата на дозволите за право на поседување возило. Само за илустрација, да се купи Toyota Corolla Hybrid во Сингапур, со сите давачки, чини околу 144.000 евра, додека BMW 530е ја надминува границата од 190.000 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER