По повлекувањето на Citroën од Русија, во фабриката на Stellantis во Калуга сепак ќе се прават возила
Русија откако ја презема фабриката на Stellantis во Калуга планира да произведува возила со комплети добиени од Кина. Тоа е одговор на одлуката која ја донесе групацијата Stellantis да престане да произведува возила во таа фабрика донесена пред две години поради санкциите воведени кон Русија. Помошта доаѓа од кинескиот партнер на Citroën, Donfeng. Првично, возилата на Citroën, по воведените санкции, во Русија доаѓаа од Кина. Сега Кинезите го поддржуваат рускиот производствен сектор испорачувајќи им пакети со кои производствот на Citroën ќе се одвива таму.
Во декември 2023 година, руската компанија наречена Automotive Technologies увезе повеќе од 42 комплети за да го произведе Citroen C5 Aircross во Калуга. Компанијата Donfeng има комерцијално партнерство со Stellantis, и според нивниот договор, може да ги продава возилата во Кина. Првата серија испорачани комплети е дел од пилот-проектот, а фабриката во Калуга, која технички сè уште е во мнозинска сопственост на Stellantis, но веќе не е контролирана од групацијата, ќе започне со масовно производство годинава.
Дилерите рекоа дека наскоро ќе почнат да добиваат C5 Aircross склопени од комплети во фабриката во Калуга, но не е јасно дали тие ќе носат името Citroën. Лансирањето на производството на C5 Aircross ја нагласува загубата на контролата што ја доживеаа западните компании врз нивните брендови и имотот во Русија. Stellantis изјави дека и покрај тоа што поседува 70 отсто од фабриката во Калуга, во декември заклучи дека „ја изгубила контролата врз своите ентитети“.
Воедно, санкциите кон Русија генерираа загуби на групацијата од 144 милиони евра. Според фактичката состојба на рускиот пазар, санкциите што ги воведоа западните земји и помогнаа на Кина да профитира. Кинеските производители на автомобили агресивно влегуваат на рускиот пазар и сочинуваат повеќе од 56 отсто од продадените нови возила таму.