Дизелот поскапе за 1,5 денари!
Иако нема силни силни аргументи, РКЕ, од утре, го поскапува дизелот за 1,5 денари по литар. Причината е секогаш оправдана според методологијата што се употребува. Дали со тоа РКЕ ја зголемува инфлацијата и го поддржува поскапувањето на сите неопходни животни намирници само да ја „закрпи“ дупката во буџетот или има реална основа за тоа не треба многу да се полемизира? Радоста траеше кратко, сега повторно дизел горивото е изедначено со Еуросупер 95! Бензините остануваат со иста цена.