Стоплување на атмосферата
Намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98%.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување, па РКЕ на денешната седница одлучи да ги намали малопродажните цени на горивата во просек за 0,98%. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС–95 се намалува за 0,50 ден/лит, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 1,00 ден/лит. Од полноќ ќе се полнат горивата по следните цени:
ЕУРОСУПЕР БС–95 81,50 ден/лит,
ЕУРОСУПЕР БС–98 83,50 ден/лит,
ЕУРОДИЗЕЛ (Д–Е V) 76,00 ден/лит.