Расте продажбата на мотоцикли во Европа

Плус 11% во првото полугодие

Европскиот пазар на мотоцикли цвета

Според извештаите на европската асоцијација на производители на мотоцикли ACEM, продажбата за првите шест месеци годинава е зголемена за 11 отсто, на вкупно 600.784 единици, вклучувајќи ги и скутерите и мопедите. Најголем пораст е забележан во Италија од 19,1 отсто кои ја искачија бројката продадени мотоцикли на 192.497. Солидни резултати има и Шпанија – 102.626 продажби и пораст од 11,7 отсто. Германците се подновија со 129.964 мотоцикли што е за 10,1 отсто повеќе, а Французите со 116.224 примероци (7,5% пораст). Единствен голем пазар каде бројките се намалија (за 0,9 отсто) е Велика Британија, каде е прокнижена продажба на 59.741 мотоцикл.

Главните причини за порастот на продажбата на мотоцикли се гледаат во големите гужви во градовите и пеколните температури кои го зафатија нашиот континент.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER