Рамбо Ламбо се враќа!

Рамбо Ламбо се враќа!

Lamborghini LM002 би можел да добие наследник

Објавено на 30 март 2019 година

Загреани од успехот на Urus, во Lamborghini ја разгледуваат можноста легендарниот LM002 да добие современ наследник. Веста ја потврди претседателот на управата на италијанскиот производител Стефано Доменикали, наведувајќи дека пред тоа треба да ја зголемат годишната продажба на 8.000 единици. Со оглед дека ланската 2018 година ја завршија 50-процентно зголемување и испорача рекордни 5.750 возила, тоа бргу ќе се случи. Бидејќи пред него гамата ќе биде дополнета со гранд турер со четири седишта, на наследникот на LM002 сепак ќе се чека најмалку до 2025 година. Според Италијанците интересот на потенцијалните купувачи за вакво возило е доста голем и тие не се сомневаат дека продажбата би се движела во високи бројки за марка како што е Lamborghini.

Моделот LM002 од 1986 до 1993 година се произведе во само 328 примероци. Своевремено имаше доста поклоници бидејќи тогаш ретко кој можеше да се осмели да спои робусен теренец со тркачки настроен V12 мотор со 450 коњски сили. Заради тоа на Рамбо Ламбо како што го нарекуваат вечно му е осигуран легендарниот статус.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER