Пролетна акција :: Најнови понуди на Valvoline и Toyo Tires

Македонија

Најнови понуди на Valvoline и Toyo Tires

Објавено на 6 април 2019 година

Еуроимпекс ги повикува сите возачи во Сити Мол на локација спроти Плеј кафе на дружење и запознавање со најновите производи и понуди на Valvoline и Toyo Tires. Таму до 10 април ќе ги пречекаат одговорните лица од компанијата кои детално ќе ги презентираат производите и ќе дадат соодветна понуда согласно сечии потреби. За маслата Valvoline актуелна е акција на SynPower висококвалитетното синтетичко моторно масло со дополнителни хемиски компоненти кои го намалуваат триењето и абењето на моторот, погодно и за бензински и дизел возила. На располагање е во пакување од 4 литри по цена од 1.150 (10W40), 1.500 (5W40) односно 1.800 (5W30) денари. Секако, тука е и целата палета синтетички, полусинтетички и конвенционални моторни масла за долготрајност на вашиот мотор.

И Toyo Tires ќе се претстави со целата своја палета летни пневматици за најразлични потреби – патнички возила, премиум и луксузни лимузини, комерцијални возила, спортски и SUV возила, како и off road гуми за екстремни услови на теренот. Подготвени се и посебни понуди како дел од моменталната летна акција на со -30% + бесплатна монтажа и балансирање, а за сите купувачи следи и изненадување подарок Toyo Outdoor сет.

 

клучни зборови: ,