Премиера : Toyota Century – Привилегија само за богати Јапонци

Со новиот модел Century, Toyota се приближува на Bentley и Rolls-Royce

Малкумина знаат дека Toyota произведува луксузнa лимузина. Прв пат на пазарот се појави во 1967 по повод 100 годишнината од раѓањето на оснивачот на компанијата Сакичи Тојода.

Затоа посебната лимузина го доби името Century, наместо логото на компанијата решетката ја краси Феникс, и бргу стана синоним за луксузно возило на Јапонците пркосејќи им на адекватните  западни марки. Сега луксузната лимузина со пет седишта која е наменета за оние што имаат шофери доби и теренска интерпретација. Именувана како Century таа со своите димензии, изглед и луксуз може да им парира на Bentayga и Cullinan.

Сепак Британците ќе можат со леснотија да ја примат оваа премиера бидејќи новитетот е наменет само за јапонскиот пазар, исто како и лимузината. Иако е спортско-корисно возило, во името не го содржи суфиксот SUV. Century се одликува со едноставна, кутиеста ворма на каросеријата, токму како и споменатите Британци.

Помеѓу фаровите сместена е импозантна маска на ладилникот украсена со логото на Феникс и линија на покривот што не се наведнува кон задниот дел. Со вкупна должина од 5.205 мм, ширина 1.990 мм и висина од 1.805 мм, Century е „потесен“ од Cullinan. Поставен е на меѓуоскино растојание од 2,95 метри па овозможува многу простор за патниците.

Toyota напоменува дека ова возило има само четири седишта и фокусот е на задните. Внатрешноста има прилично едноставен распоред со широк екран на инфозабавниот систем вграден во контролната табла и дигитална инструмент табла зад воланот.

Може да се забележат и физички контроли за системот HVAC под централните отвори за воздух, голема централна конзола со класична палка на менувачот, два пара седишта и многу кожен тапацир, кој ќе биде достапен во повеќе нијанси. Вклучено е амбиенталното осветлување и панорамски подвижен покрив.

Оваа палата на тркала ја задвижува 3,5-литарски V6 бензинец засилен со приклучен хибрид кој овозможува 69 километри движење со нулта емисии во урбан циклус. Силата од 412 коњи се пренесува на сите тркала перку CVT менувач, а има и систем за управување на задните тркала за подобрување на радиусот на вртење.

Полнењето на батеријата трае 3,5 часа на штекер. Моделот е пуштен во продажба по цена од 160.000 евра со вклучени јапонски давачки. Месечното производство е проектирано само на 30 примероци. Најверојатно бидејќи продажбата е наменета само за земјата на изгрејсонцето.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER