Премиера : Nissan Juke – Зголемување на внатрешните квалитети

Оваа година Nissan се фокусираше на подобрување на внатрешноста на Juke за да биде конкурентен во преполниот сегмент на мали кросовери

Nissan го ажурираше Juke за 2024 година. Додека надворешноста останува главно непроменета, внатрешноста е „ремонтирана“ каде е додаден поголем инфозабавен дисплеј заедно со подобрено завршна обработка.

Можеби звучи саркастично, но најголемата промена е новиот 12,3-инчен инфозабавен дисплеј кој се наоѓа на врвот на малку редизајнираната контролна табла наклонета кон возачот. Nissan вели дека материјалот кој ја имитира кожата обвиткан околу воланот помазен е на допир.

Надворешните ажурирања се ограничени на ревидирана палета на бои и нови тркала со дијаметар до 19 инчи. Врвот на надворешниот рестајлинг е повторното воведување на опционалната жолта боја исфрлена од понудата уште од првата генерација на Juke.

Линијата Juke N-Sport е новата врвна понуда, додавајќи црна завршница за покривот, столбовите, тркалата, лаковите над тркалата, ретровизорите и решетката, во контраст на новата жолта нијанса. Направениот фејслифт не носи никакви промени во опциите на погонската група, кои вклучуваат два избора.

Тоа се  еден литарскиот трицилиндричен бензински мотор со турбополнач кој произведува 117 КС и 200 Nm, испраќајќи ја силата на предната оска преку шест степен мануелен или седум степен DCT.

Помоќниот и поефикасен Juke Hybrid комбинира атмосферски 1,6 литарски четири цилиндричен мотор кој произведува 94 КС и е впарен  со електричен мотор кој испорачува 36 kW, има пакет батерии со водено ладење од 1,2 kWh и софистициран мулти-режим автоматски менувач што испраќа енергија на предната оска.

Производството на обновениот Nissan Juke веќе е во тек во фабриката Сандерленд во Велика Британија, а испораките се очекува да започнат некаде во наредните месеци. Цените ќе бидат објавени пред лансирањето и тие нема да бидат ниски.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER