Дотерана каросерија, ново потпирање и електрификација
Новата генерација на GLC нуди скриени подобрувања кои се чувствуваат на втор впечаток, односно со користењето на компактниот кросовер.
Козметичките зафати ги зафатија боковите кои сега се по заоблени со што е направен елегантен баланс помеѓу спортскиот карактер и перформансите вон патот.


Сепак, огромен број корисници на овие возила нема да ги запрашат гумите, па поважно ќе им бидат дигиталните светла, новата маска на ладилникот со хромирана рамка и изборот на тркала. Својата интерпретација за модерен спортски луксуз Мерцедес ја пренесува во внатрешноста.
Дигитализацијата е нагласена насекаде, а централниот дисплеј делува како да лебди над конзола. Амбиентот ја задржа својата пријатност и ергономија по која марката е позната. Во склад со подобрувањата зголемено е нивото на звучна изолација во кабината и опременоста.
Тука централно место зазема MBUX кој ги интегрира сите услуги и персонални дотерувања чија работа со опционалниот аудио систем Burmester со 15 звучници нуди посебно звучно искуство во возењето. Обновениот GLC е дизајниран за хибриден погон. Понудата на мотори е сочинета од четири цилиндерски бензинци и дизели агрегати во комбинација со електричен мотор.
Четири се умерени хибриди со интегриран стартер-генератор од втората генерација. Три други верзии се плагин хибриди со системска сила до 245 kW (333 КС) и до 750 Nm вртежен момент. Сите имаат електрична автономија поголема од 100 километри што се повеќе од доволни за дневните обврски во урбани средини. Како што наведуваат од Mercedes обновениот GLC има значајно подобрени карактеристики на асфалт и вон него.

Покрај новото потпирање поедноставена е употребата на екранот во тек на теренска експлоатација и зголемен е списокот на електронски асистенти. Клучните компоненти на долниот построј се новото мулти линк потпирање со четири точки на предните и независен мулти линк на задните тркала со што удобноста е крената на повисоко ниво како и управувањето. Врвното доживување треба да го пружи новиот систем на амортизација кој зависи од амплитудата на ударите.
AIRMATIC воздушното потпирање има варијабилно подесување на работата на амортизерите во сите режими на работа. Агилноста ја зголемува управливата задна оска до 4,5 степени намалувајќи го неопходниот маневарски простор. Mercedes во сегментот на компактни кросовери влезе во 2008 со GLK, а седум години подоцна во склад со новото означување на компанијата стана GLC. Досега продадени се 2,6 милиони примероци а во продажба треба да се најде до крај на летово.


