Премиера – Mercedes-Benz GLC Coupé

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Познат рецепт, подобрен вкус

Новата генерација на Mercedes-Benz GLC Coupé ќе биде лансирана во јули

Трендот на купе-кросовери покажува забележителен интерес на пазарот. Најновото дополнување на оваа категорија е новата, втора генерација на Mercedes-Benz GLC Coupe, која има повеќе стилски пристап кон истиот рецепт, додека ја споделува својата основа со стандардниот GLC.

Од него е превземен изгледот на предницата додека наведната линија на покривот и целосно редизајнираниот заден дел го издвојуваат. Ова во голема мера се должи на потенките LED задни светла кои се поврзани едни со други.

Интегрираниот спојлер сместен под силно наваленото задно стакло, истакнатиот заден браник и голема доза на хромирани детали го интензивираат впечатокот на новитетот. Kаросеријата е продолжена за 31 милиметар и постигната е подобра аеродинамичка ефикасност од претходникот.

Внатрешноста е во потполност превземена од донаторот. Возачот за основните параметри се информира преку 12,3 инчната дигитална инструмент табла, додека централно на  навалената централна конзола поставен е 11,9 инчен екран на допир, усвојувајќи ја најновата верзија на инфозабавниот MBUX систем.

За аудиофилите ќе се нуди Burmester 3D сараунд систем со 15 звучници од 710 вати. Поради купеовската форма жртвуван е просторот за главите, но остатокот од внатрешноста се чини дека е пространа како во стандардната верзија.

Од продолжувањето на каросеријата профитираше багажниот простор и сега е поголем за 45 литри бележејќи вкупни 545. Сепак, товарниот капацитет е многу жртвуван кај приклучните хибриди кои располагаат со само 390 литри поради батеријата.

Во идниот GLC Coupe испод хаубата има место за бензински и дизел мотори, а сите изведби се електрифицирани. Постојат четири изведби со 48 волтни благи хибриди и три со приклучни хибриди.

Дволитрениот турбо бензинец во почетниот модел GLC 200 бележи вкупна сила од 204, додека помоќниот GLC 300 развива 255 коњи. Турбо дизел мотрот е исто така дволитрен со четири цилиндри. Тој испорачува 194 КС во GLC 200d односно 269 КС во GLC 300d.

48-волтниот благ хибриден систем е ангажиран во сите изведби. Кога е потребно придонесува дополнитено со 23 КС и 148 Nm. Што се однесува до изведбите со приклучен хибрид, сите тие се опремени со еден електричен мотор кој произведува 100 kW и батерија од 31,2 kWh што нуди опсег на струја до 131 километар во зависност од варијанта.

GLC 300e има комбинирана моќност од 313, а GLC 400e ја издигнува на 381 КС. Комбинацијата дизел со електрична енергија се крие зад GLC 300de која испорачува 335 коњи. Сите изведби можат дополнително да се нарачаат со системот за погон на сите тркала 4Matic и асистенти за возење.

Mercedes не ги откри цените за новиот GLC Coupe, но судејќи според трендовите несомнено ќе биде значително поскап од неговиот претходник.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 82.00 ден
  • еуросупер 98 - 84.50 ден
  • еуродизел Д5 - 73.00 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 82.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER